Фацилитација / Вештини за фацилитација | ЦУП

Фацилитација / Вештини за фацилитација

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
10 - 20 учесници

За програмата

Во секојдневниот живот и работа луѓето постојано се наоѓаат во ситуација да присуствуваат на различни состаноци, кои завршуваат во недогледни дискусии.

Фацилитаторските вештини се суштински за работа во тим, група и организација.

Целта на обуката е стекнување на практични знаења и вештини за фацилитација, раководење со време, водење ефективни состаноци и насочување на дискусиите во правец на изнаоѓање на заеднички решенија, заклучоци и договори за полесно реализирање на плановите

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се здобијат со продлабочени знаења со кои ќе им овозможат на луѓето во група да учествуваат во донесување на заеднички одлуки и решенија.
  • Ќе стекнат знаења вештини и ставови за: примена на алатките за фацилитација (активно слушање, сумирање, извлекување, фидбек, заклучоци);
  • Ќе умеат да се подготоват за спроведување на квалитетни дискусии и состаноци,
  • Ќе го разберат значењето на ефикасноста на дискусиите и состаноците во секојдневната пракса.
  •  Ќе можат да поставуват цели на состанок, да раководат со времето на состанокот, да применат процес на донесување на одлуки и да водат и охрабруваат дискусии користејќи вештини на фацилитација.

Содржина на програмата

  • Вовед во фацилитација
  • Основни елементи на фацилитаторскиот процес
  • Фацилитаторски вештини
  • Улогата на фацилитаторот
  • Вештини на фацилитација (парафразирање, сумирање, охрабрување, собирање идеи и мислења, воспоставување ред и рамнотежа, правење простор)
  • Состаноци: содржина, процедури и процес (групна динамика) - Ефективно водење состаноци

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар