Напредна обука за воведување на ИСО 9001:2015 | ЦУП

Напредна обука за воведување на ИСО 9001:2015

Сподели
2 дена
7 сесии
14 часа
10-20 учесници

За програмата

ИСО 9001 стандардот е најупотребуван стандард за управување со квалитет во организациите и од приватниот и од јавниот сектор. Оваа програма е наменета за лица кои се назначени за воведување на ИСО 9001 во организацијата и кои ќе бидат одговорни за одржување на системот.

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со напредни теоретски и практични познавања за целосна имплементација на ИСО 9001: 2015 стандардот во организацијата.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе ги разберат термините и дефинициите во ИСО 9001 системот
  • Ќе можат да планираат и координираат интерни проверки
  • Ќе можат да документираат процеси
  • Ќе можат да прават проверки по ИСО 9001 системот за управување со квалитет
  • Ќе можат да прават извештаи за проверката на системот

Содржина на програмата

  • Стандарди за управување со квалитет
  • Основи на ИСО 9001:2015 верзијата на стандардот
  • Процес на имплементација на ИСО 9001
  • Прирачник за квалитет според ИСО 9001
  • Документирање на процеси
  • Спроведување интерни проверки
  • Изработка на извешти за проверка на системот

Координатор на програмата

Мартин Тодевски

Мартин Тодевски е магистер по електроника и информатички технологии. Тој има широко професионално искуство во проекти од областа на е-Влада и реформи во јавната администрација. Покрај учество на проекти, бил вклучен во неколку значајни стратешки и легислативни политики, како што е изработката на Националната Стратегија за е-Влада 2010 – 2012, изработка на законската рамка за електронско управување, координација на имплементацијата на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk