Проценка на влијание на регулативата - ПВР | ЦУП

Проценка на влијание на регулативата - ПВР

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да се запознаат со потенцијалните придобивки од подобра регулатива и предностите со изработка на проценка на влијание на регулативата.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • стекнат знаење за значењето на планирањето за развивање на ПВР во насока на обезбедување на ефикасен процес и корисни резултати
  • можат да препознаат дека дефинирање на проблемот кој треба да се реши, ќе биде првиот чекор кон развивање на ефикасна ПВР, и затоа е важна фазата на планирање.
  • го сфатат значењето на собирање на податоци и процес на консултација со релевантни чинители со цел подготовка на добра проценка на влијанието на регулативата.

Содржина на програмата

  • Планирање на проценката на влијанието на регулативата и дефинирање на проблемот и целите
  • Идентификување на можни опции за разгледување и можни влијанија
  • Собирање на податоци и консултации со релевантните чинители
  • Составување на сите делови – подготовка на проценка на влијанието на регулативата

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk