Интерперсонални вештини | ЦУП

Интерперсонални вештини

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
10-20 учесници

За програмата

Обуката има за цел да обезбеди, практични интерперсонални и комуникациски вештини за преку кој учесниците ќе се стекнат со вештини и техники за справување со ситуации и ќе остварат комуникација со поголема флексибилност, доверба, разбирање и влијание.

Со текот на обуката низ интерактивен пристап учесниците треба да станат свести за своите предности и слабости како и подобрување на нивната способност за комуникација. Ваквите вештини ќе може да ги применат и во ситуација на справување со проблеми и донесување на одлуки со што значајно може да се промени квалитетот на релациите во тимот особено во јавната администрација

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Да ја разберат важноста од развој на интерпресоналните вештини како дел од професионалниот развој
  • Да ги развијат вештините за комуникација
  • Да ја разберат важноста на невербалната комуникација во развојот на интерпресоналните вештини
  • Да ги подобрат вештините за активно слушање, фидбек и покажување на емпатија
  • Да го разберат за процесот на донесување одлуки
  • Да ги согледаат елементите важни за донесување на аргуметирани и поддржани одлуки

Содржина на програмата

  • Интерперсоналните вештини како дел од професионалниот развој
  • Вештини за комуникација
  • Важноста на невербалната комуникација во развојот на интерпресоналните вештини
  • Вештините за активно слушање, фидбек и покажување на емпатија
  • Процес на донесување одлуки
  • Елементите важни за донесување на аргуметирани и поддржани одлуки

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар