Секторско програмирање на ИПА | ЦУП

Секторско програмирање на ИПА

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
5-10 учесници

За програмата

Програмата е наменета за претставниците на институциите кои се задолжени да ја планираат помошта согласно дефинираните сектори од страна на ЕУ. Секторското програмирање за заснова на премисата дека државата има дефинирани сеопфатни секторски стратегии, но реалноста е дека во повеќето сектори има сегментирани стратегии, па оттука е неопходно заедничко планирање и приоритизирање.

Дополнително, при програмирањето државата мора да користи обрасци и документи воспоставени од Европската комисија, па и нивното користење може да биде предизвик.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе разберат која е целта на секторското програмирање на средствата од ИПА
  • Ќе научат за клучните документи врз основа на кои се спроведува програмирањето
  • Ќе стекнат вештини за усогласување на посебните стратегии во под поширока секторска стратегија и единствена финансиска рамка
  • Ќе умеат да креираат индикатори за оценување на секторските програми
  • Ќе научат да ја препознаат и оценат „зрелоста“ на проектите

Содржина на програмата

  • Основни документи (Country strategy paper, MIFF, framework agreement, financing agreement)
  • Досегашни сектори во кои се планираше и користеше ИПА помошта
  • Секторско усогласување на стратешките документи
  • Проекти од голема вредност (major projects)
  • Индикатори
  • Следење и известување
  • Зрелост и конкурентност на проектите

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk