Имплементација на стратешко планирање | ЦУП

Имплементација на стратешко планирање

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Програмата претставува основна обука за придобивките од Стратешкото планирање и начини на донесување на стратешки одлуки. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.

Целта на програмата e подобрување на знаењето за стратешко управување и успешно спроведување на стратешките цели, воведување на принципите на стратешко планирање и реорганизација на деловните процеси, имплементирање на модел за ефикасно пристапување кон спроведување на стратегијата

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ги стекнуваат следните вештини:

  • Воведување на Стратешко планирање
  • Дефинирање на системски начин за донесување на стратешки одлуки
  • Утврдување на цели
  • Спроведување на активности

Содржина на програмата

  • Воведни елементи во стратешко управување
  • Основи на стратешко планирање
  • Утврдување на цели во деловното работење
  • Реорганизација на деловните процеси
  • Следење на остварувањата и превземање на корективни активности
  • Групни вежби и практични примери

Координатор на програмата

Јасна Пајковска

Јасна Пајковска има искуство во финансии, претприемништво и управување со човечки ресурси. Има учествувано на повеќе обуки за развој на човечки ресурси, комуникациски вештини и претприемништво, исто така активен член е на Македонската асосцијација за човечки ресурси. Таа има работено на проекти во областа на културен развој на деца без родители и проценка на процесот на националната интеграција на основните училишта во земјата. Јасна

Контактирајте не преку овој формулар






ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk