Самопроценка со CAF моделот
За програмата
Заедничка рамка за проценка (Common Assessment Framework - CAF) претставува модел за целосно управување со квалитет во организациите од јавниот сектор, развиен од Европскиот институт за јавна администрација. Програмата е наменета за претставници на државни институции кои ќе работат на имплементацијата на ЦАФ моделот и кои ќе го спроведуваат процесот на самопроценка.
Целта на програмата е учесниците да се стекнат со напредни познавања за CAF моделот и да бидат подготвени да го спроведат процесот на самопроценка и приоритизација на мерки утврден во моделот.
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
На крајот на обуката учесниците:
- Ќе го препознаат местото на CAF моделот во рамките на различните модели за целосно управување со квалитет (TQM) кои се користат во јавниот сектор
- Ќе стекнат напредни познавања за карактеристиките на CAF моделот, содржината на критериумите и пот-критериумите, системот на оценување и процесот на само-проценка
- Ќе стекнат практично искуство како да се приоретизираат мерките за подобрување на краток, среден и долг рок
- Ќе стекнат праткично искуство како да се подготви и имплементира акциски план за подобрување
- Ќе можат да ги реализираат чекорите за имплементација на CAF моделот во нивната институција
Содржина на програмата
- Системи на целосно управување со квалитет (TQM)
- Потекло и развој на CAF моделот
- Девет критериуми на CAF моделот
- Анализа на релевантни чинители
- Процес на самопроценка и оценување
- Приоритизација на мерки и изработка на план за подобрување
Координатор на програмата
Весна Бочварска Цветковска
Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“. Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.
За програмата
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
Содржина на програмата
Координатор на програмата