Имплементација на Шест Сигма стандардот | ЦУП

Имплементација на Шест Сигма стандардот

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-20 учесници

За програмата

Програмата претставува основна обука за придобивките од имплементација на Шест сигма стандардот. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.

Целта на програмата Стекнување на потребното знаење за дизајнирање и примена на статистичката техника Шест Сигма. Утврдување на кои и какви податоци се потребни за воспоставување на статистичката техника Шест Сигма. Добивање сознанија за потребната документација за воведување на успешна Шест Сигма.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ги стекнуваат следните вештини:

  • Стекнување на потребното знаење за примена на техники за идентификација на потребните статистички техники во производството во сите организации
  • Стекнување на знаење за спроведување на статистичката техника Шест СИгма

Содржина на програмата

  • Потреба од развој на статистички техики во големите производствени компании со масовно производство
  • Трговска марка Шест Сигма и другите статистички техники што се применуваат во организациите
  • Дефинирање на Шест Сигма стандардот
  • Претпоставки и карактеристики на Шест Сигма стандардот
  • Методологија на Шест Сигма
  • Алатки и методи на управување со квалитет
  • Улоги за имплементација на Шест Сигма
  • Сертификација според Шест Сигма, ДА или НЕ
  • Сигма, нивоа и примена во праксата, типови на производни процеси и финансиски придобивки од Шест Сигма стандардот
  • Недостатоци на Шест Сигма
  • Работилница со практични примери

Координатор на програмата

Јасна Пајковска

Јасна Пајковска има искуство во финансии, претприемништво и управување со човечки ресурси. Има учествувано на повеќе обуки за развој на човечки ресурси, комуникациски вештини и претприемништво, исто така активен член е на Македонската асосцијација за човечки ресурси. Таа има работено на проекти во областа на културен развој на деца без родители и проценка на процесот на националната интеграција на основните училишта во земјата. Јасна

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk