Управување и разрешување конфликти | ЦУП

Управување и разрешување конфликти

Сподели
2 дена
8 сесии
12 часа
10 - 20 учесници

За програмата

Целта на обуката е развивање на свеста за интерперсоналните конфликти како нераскинлив дел од меѓучовечките релации и потребата од нивно решавање и стекнување знаења и вештини за нивно ефективно надминување.

Преку обуката учесниците ќе разберат дека конфликтите се неизбежни и претставуваат нормален дел и од работното секојдневие. Обуката е чекор кој ќе им овозможи да почнат да создаваат клима за ефикасна интер-персонална комуникација и колаборативен пристап во разрешувањето на конфликти, наместо нивно избегнување или насилно разрешување.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе бидат во можност:

  • Да разберат дека доколку се менаџираат соодветно, конфликтите можат да ги подобрат релациите, наместо да ги влошат;
  • Да се стекнат со вештини во реформулација на интерперсоналните конфликти
  • Да се стекнат со разбирање на конструктивните и деструктивните конфликти и нивно менаџирање
  • Да ја воочат разликата помеѓу агресивно, пасивно-агресивно и асертивно однесување
  • Да се стекнат со знаење за важноста на комуникацијата како алатка во решавањето на конфлити
  • Да се разбере значењето и да се стекнат вештини за употреба на “Јас” изјавите (I статементс) во ситуација на конфликти и справување со порблематични личности;
  • Да се разбере процесот на медијација во конфликт
  • Да се стекнат основни вештини за медијација во конфликти

Содржина на програмата

Основно ниво

  • Концептот на конфликти
  • Анализа на конфликт: мапирање
  • Разбирање на другите
  • Johari Window
  • Стратегии за разрешување конфликти
  • Стилови во разрешување на конфликти
  • Комуникација во конфликти
  • Преговарање
  • Елементи на преговарање
  • Стилови во преговарање

Напредно ниво

  • Асертивно однесување
  • Комуникација како алатка во решавање на конфликти
  • Емпатија
  • “Јас” изјави
  • Методи на разрешување на конфликти (преговарање, посредување/медијација, арбитрирање)
  • Медијација
  • Медијациски вештини

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар