Подготовка и раководење со буџети на ЕУ проекти | ЦУП

Подготовка и раководење со буџети на ЕУ проекти

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-30 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со знаење за тоа како подобро да ги управуваат и менаџираат буџетите на проектите кои се финансирани од страна на ЕУ. Кои се нивните правила и специфичности, начин на кофинансирање и процес на набавки според нивните правила.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • ги зајакнат своите капацитети за управување со буџетите на проектите финансирани од страна на ЕУ.
  • бидат спремни да прават пренамени, реалокации и соодветно да известуваат или бараат одобрување од страна на донаторите.
  • се запознаат со правилата за кофинансирање и како може да се справат со истото
  • можат да ги прават набавките согласно правилата и процедурите на ЕУ.

Содржина на програмата

  • Планирање на буџет и подготовка на истиот; разлика помеѓу директни и индиректни трошоци и кои за што служат;
  • Процедура за регистрирање на проектот и ослободување од ДДВ; проектни сметки и нивното значење; комуникација меѓу сметки и пренос на средства за одредени трошоци;
  • Постапки при набавки на ЕУ проекти и контрола на процесот, документација, правила кои мора да се запазат и зошто;
  • Плати, хонорари начин на исплата и задолжителна пропратна документација;
  • Следење на финансиските средства нивно известување и начин на пренаменување од една во друга ставка; кофинансирање или контрибуција во ЕУ проектите.

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk