Основи на ИСО 9001 | ЦУП

Основи на ИСО 9001

Сподели
1 ден
5 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Целта на програмата е учесниците да се стекнат со практични познавања за ИСО 9001 системот за управување со квалитет, начинот на негово воспоставување, начинот на сертификација по истиот и генерално за придобивките од системот.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе го препознаат ИСО 9001 како стандард за управување со квалитет
  • Ќе ги препознаат придобивките од воведување на ИСО 9001 за работата на организацијата
  • Ќе се стекнат со основни познавања за процесот на имплементација на ИСО 9001

Содржина на програмата

  • Стандарди за управување со квалитет
  • Придобивки од воведување на ИСО 9001 за организацијата
  • Основи на ИСО 9001:2015 верзијата на стандардот
  • Процес на имплементација на ИСО 9001
  • Сертификација според ИСО 9001

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk