Хармонизација на националното законодавство со ЕУ и мониторинг и евалуација на НПАА | ЦУП

Хармонизација на националното законодавство со ЕУ и мониторинг и евалуација на НПАА

Сподели
2 дена
6 сесии
9 часа
5-15 учесници

За програмата

За да добие Република Северна Макеоднија полноправно членство во ЕУ еден од предусловите е целосна усогласеност со европксото зкаонодватво. Оваа обука нуди практични совети за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, релевнатите чинители во процесот и нционалната рамка за следење – НПАА.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се запознаат поимот и предметот на усогласување на законодавството
  • Ќе знаат да го идентификување на европското acquis, да разликуваат регулатива од директива и другите видови секундарно законодавство
  • Ќе ги научат техниките на транспозиција
  • Ќе се запознаат со кореспондентите тебели
  • Ќе се запознаат со НПАА
  • Ќе го знаат начинот на усвојување на закон во домашното законодавството
  • Ќе го запознаат начинот на мониторинг и евалуација преку НПАА

Содржина на програмата

  • Примарно и секундарно законодавство на ЕУ
  • Идентификување на акт од европското законодавство, распоредување во национален систем и отпочнување на процесот на усогласување односно техники на транспозиција
  • Работа преку конкретен пример (студија на случај)
  • Пополнување коресподенти табели
  • НПАА – структура и механизми за следење на процесот на хармонизација на националните прописи

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk