Раководење со проекти и проектни тимови | ЦУП

Раководење со проекти и проектни тимови

Сподели
5 дена
20 сесии
30 часа
10-20 учесници

За програмата

Раководењето со проекти е комплексно заради различните интервенции кои може да бидат превземени и големиот број на вклучени страни.  Тоа е комбинација на пристапи, употреба на различни инструменти и вклопување на овие пристапи и инструменти во административни системи и процедури на вклучените организации.

Пристапот на обуката се фокусира на три клучни области: креирање на заедничко разбирање на процесот, концептите и критериумите за одлучување; поттикнување на чувството на сопственост и посветеност со адекватно вклучување на сите засегнати страни (stakeholders), и подобрување на капацитетите за учење на актерите вклучени во интервенцијата.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Ја разберат улогата на раководње со проектен циклсу и ги знаат за чекорите на методолигијата планирање проекти ориентирано кон цели;
  • Знаат да идентификуваат проблеми и цели, и разберат употребата на логичката рамка како раководна алатка;
  • Знаат да развијат логичка рамка, со дефнирани показатели и извори на верификација;
  • Знаат како да ги употребат показателите во процесот на спроведување и наблудување;
  • Знаат да ја анализираат изведливоста на проектот: ризици/ претпоставки и услови/предуслови
  • Знаат да направат план за спроведување на активностите;
  • Се запознаени со методологии за алоцирање на соодветни ресурси (финансиски, човечки и материјални);
  • Да ја подбрат комуникацијата со актерите вклучени во проектот;
  • Разберат чекорите на систематско наблудување и методи на ефективна оценка на проектот.

Содржина на програмата

  • Раководење со проектен циклус;
  • ЦОПП (целно ориентирано проектно планирање);
  • Анализа на проблеми, анализа на цели;
  • Селекција на стратегија за проект и развој на логичка рамка;
  • Дефинирање на претпоставки и предуслови во логичката рамка;
  • Дефинирање на показатели во логичката рамка;
  • Алокација на ресурси и буџетирање;
  • Набљудување (систем за набљудување, проток на информации и план за набљудување);
  • Оценка (методи на оценка, опис на надлежности)
  • Комуникација во проектниот тим

Обучувач

Неда Малеска Сачмароска

Д-р Неда Малеска Сачмароска е основач и извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), со над 25 години професионално искуство во организациски и институционален развој, стратешко лидерство, управување со промени, развој на човечки ресурси и унапредување на организациските перформанси. Како искусен консултант, тренер и фасилитатор, има креирано и реализирано повеќе од 500 обуки, работилници, и стручни дијалози низ Западен Балкан, како и бројни консултантски услуги во областите на стратешки менаџмент, лидерство, управување со човечки ресурси, организациска култура, управување со перформанси и KPI, квалитет, интегритет и етика. Доктор е по организациски науки и менаџмент, со фокус на управување насочено кон резултати, магистер по социјална политика и дипломиран психолог. Поседува меѓународни професионални сертификати PRINCE2 Practitioner, за проектен менаџмент, CAF Trainer, Coach and Assessor (EIPA) и сертификати за интерен ревизор за ISO 9001 и ISO 14001. Својата експертиза континуирано ја надградува преку специјализирани програми за лидерство, менаџмент, организациски развој и обука на обучувачи, реализирани од реномирани меѓународни институции, меѓу кои Stanford University, National School of Government, EIPA, PAI, APMG International, Investors in People UK, MDF, ECORYS, IPA, OXFAM, Mansel & Rankin, NI-CO и Westminster Ltd. Нејзиниот пристап ги поврзува организациската психологија, современите менаџмент-практики и практичното учење, претворајќи ги знаењата во применливи решенија, развиени компетенции и мерливи резултати за организациите.

Контактирајте не преку овој формулар