Визуелизација на податоци | ЦУП

Визуелизација на податоци

Сподели
1 ден
5 сесии
8 часа
10-15 учесници

За програмата

Целта на програмата е да се стекнат технички вештини за изработка на различни типови визуелизации од податоци, користејќи софтверски алатки.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе препознаат различни можни извори на податоци за визуелизации
  • Ќе се стекнат со технички вештини за користење софтверски алатки за изработка на визуелизации
  • Ќе се стекнат со познавања со моделите на примена на различни типови на визуелизации
  • Ќе ги препознаат можните грешки при изработка и презентирање на различни типови на визуелизации

Содржина на програмата

  • Општи поими на податоци и информации 
  • Извори на податоци
  • Типови на визуелизации
  • Грешки во изработка на визуелизации
  • Алатки за визуелизација на податоци

Координатор на програмата

Мартин Тодевски

Мартин Тодевски е магистер по електроника и информатички технологии. Тој има широко професионално искуство во проекти од областа на е-Влада и реформи во јавната администрација. Покрај учество на проекти, бил вклучен во неколку значајни стратешки и легислативни политики, како што е изработката на Националната Стратегија за е-Влада 2010 – 2012, изработка на законската рамка за електронско управување, координација на имплементацијата на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk