Комуникациски вештини | ЦУП

Комуникациски вештини

Сподели
2 дена
8 сесии
16 часа
10-20 учесници

За програмата

Ефективната комуникација е есенцијална компонента во секојдневниот живот и работа, без разлика дали станува збор за интерперсонална, интергрупна, интрагрупна, организациска или комуникација со надворешни актери.

Оваа обука ќе ги изложи учесниците на едноставни, а сепак толку важни техники во подобрување на интерперсоналните вештини.

Целта на обуката е да ги зајакне интерперсоналните комуникациски вештини, поврзани со техниките на активно слушање, давање фидбек, поставување на прашања и одговори, невербална комуникцација итн. 

Истовремено обуката на учесниците ќе им овозможи да се запознаат со правилата кои го одредуваат текот на комуникацијата меѓу луѓето и да ги оспособи да ги идентификуваат, елиминираат или намалат причините кои доведуваат до пречки во комуникацијата.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се здобијат со продлабочени знаења за процесите на комуникција (вклучително асертивни техники и емпатија)
  • Ќе го разберат и ќе можат да применуваат активно слушање
  • Ќе бидат свесни за употребата на различни видови прашања
  • Ќе го разберат значењето на невербалната комуникација
  • Ќе можат да ги идентификуваат факторите кои може да бидат пречка во комуникацијата
  • Ќе направат рефлексија на сопствениот стил на комуникаиција
  • Ќе идентификуваат начини како да ги подобрат комуникациските вештини
  • Ќе го разберат и ќе можат да го применуваат концептот на повратна информација-фидбек

Содржина на програмата

  • Вовед во комуникација
  • Двонасочна комуникација-елементи, вештини
  • Невербална комуникација
  • Активно слушање
  • Повратна информација при комуникација-фидбек
  • Пречки во комуникација
  • Емпатија
  • Асертивни техники
  • Техники на дискусија

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk