Родовите аспекти во истражувањето
1
ден
4
сесии
10-30
учесници
За програмата
Целта на обуката е насочена кон дефинирање на идеи и хиоптези релевантни за унапредување на родовата еднаквост во рамките на предметот на анализа.
Во рамките на обуката фокусот е ставен на одредени параметри кој доколку истражувањето ги земе предвид, разликите помеѓу мажите и жените во резултатите ќе бидат репрезентативни.
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
На крајот на обуката учесниците ќе:
- Го подобрат разбирањето за родовите аспекти и истражувањето
- Ја поттикнат размислата како да се вклучи родовата димензија низ истражувањето
- Ќе може да иницираат обиди истражувањето да ги адресира родовите нееднаквости и да придонесе во постигнување на поголема еднаквост
- Ќе може да го направат истражувањето релевантно за различни групи во општеството
Содржина на програмата
- Воведна сесија за родови концепти и вклучување на родовите концепти во генералните политики
- Анализа на политиките и нивното влијание од родов аспект
- Употреба на родово разделена статистика во истражувањата
- Разбирање на родовите аспекти во циклусот на истражување
- Родовите аспекти како знак на одличност во истражувањата – како да го направите истражувањето родово одговорно
- Студија на случај – специфични политики, анализа од родов аспект
Координатор на програмата
Неда Малеска Сачмароска
Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени.
За програмата
Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности
Содржина на програмата
Координатор на програмата