Родовите аспекти во истражувањето | ЦУП

Родовите аспекти во истражувањето

Сподели
1 ден
4 сесии
10-30 учесници

За програмата

Целта на обуката е насочена кон дефинирање на идеи и хиоптези релевантни за унапредување на родовата еднаквост во рамките на предметот на анализа.

Во рамките на обуката фокусот е ставен на одредени параметри кој доколку истражувањето ги земе предвид, разликите помеѓу мажите и жените во резултатите ќе бидат репрезентативни.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ќе:

  • Го подобрат разбирањето за родовите аспекти и истражувањето
  • Ја поттикнат размислата како да се вклучи родовата димензија низ истражувањето
  • Ќе може да иницираат обиди истражувањето да ги адресира родовите нееднаквости и да придонесе во постигнување на поголема еднаквост
  • Ќе може да го направат истражувањето релевантно за различни групи во општеството

Содржина на програмата

  • Воведна сесија за родови концепти и вклучување на родовите концепти во генералните политики
  • Анализа на политиките и нивното влијание од родов аспект
  • Употреба на родово разделена статистика во истражувањата
  • Разбирање на родовите аспекти во циклусот на истражување
  • Родовите аспекти како знак на одличност во истражувањата  – како да го направите истражувањето родово одговорно
  • Студија на случај – специфични политики, анализа од родов аспект

Координатор на програмата

Неда Малеска Сачмароска

Неда Малеска Сачмароска има долгогодишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk