Подготовка на успешни апликации за ЕУ проекти – сервиси и грантови | ЦУП

Подготовка на успешни апликации за ЕУ проекти – сервиси и грантови

Сподели
3 дена
12 сесии
18 часа
5-10 учесници

За програмата

За добивање на ЕУ поддршка за вашите проектни идеи, неопходно е да се подготви апликација која на донаторот јасно ќе му пренесе зошто сакате да го спроведете проектот, што ќе постигнете со него и како ќе го реализирате. Европската унија има пропишано стриктни обрасци кои треба да се пополнат и поднесат со проектните апликации, кои се јавни и генерално усвоени, но и се разликуваат за секој посебен повик. Честопати успехот на апликациите не зависи од подобноста на идеите, ниту од нивната важност за општеството, туку повеќе од начинот на нивно презентирање, односно содржината на проектните апликации.

Обуката се фокусира на два типа на проекти – сервиси (проекти кои обезбедуваат консултатски услуги, градење капацитети, поддршка во работата) и грантови (целосна поддршка за реализација на помал проект), кои се поддржани преку ИПА програмите за Северна Македонија.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе се здобијат со вештина на пополнување на специфичните проектни апликации (сервиси и грантови)
  • Ќе ја разберат проектната логика на интервенција и ќе научат да ја претстават во логичка рамка
  • Ќе умеат да го пренесат своето разбирање на проблемите и решенијата кои ги предлагаат
  • Ќе можат да испланираат потребни ресурси за реализација на проектот

Содржина на програмата

  • Обрасци за проектни апликации
  • Идентификување на проблемите и врска со пошироките програми
  • Промени кои сакате да ги постигнете
  • Логичка рамка
  • Планирање на ресурсите
  • Одржливост и работа на хоризонтални прашања
  • Самоевалуација на апликациите
  • Практични вежби со пропишаните документи

Координатор на програмата

Искра Белчева - Ристовска

Искра Белчева-Ристовска е искусен обучувач, проектен менаџер и експерт за институционален развој со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на европската интеграција, управувањето со ЕУ фондови и проекти, реформата на јавната администрација и организацискиот развој. Располага со практично искуство во управување и имплементација на програми и договори финансирани од ЕУ/ ИПА, комбинирајќи го познавањето на процедурите на ЕУ со темелно разбирање на институционалните системи во Македонија.

Во текот на десетгодишниот ангажман во Министерството за финансии, во рамките на Секторото за склучување договори од ИПА (ЦФЦД), била одговорна за воспоставување и одржување на системите за управување и контрола на ЕУ фондовите, зајакнување на капацитетите на ИПА оперативните структури и развој на процедури. Има искуство како пртеседавач со бројни комисии за евалуација на понуди за договори за услуги, стоки, рамковни договори, грантови и твининг. Нејзиниот последователен консултантски и проектен ангажман го проширува нејзината експертиза на целиот проектен циклус – од развој и подготовка на проекти до имплементација, мониторинг, известување и евалуација.

Како обучувач, има развиено и спроведено бројни програми за градење на капацитетите на јавните институции, ИПА структурите, општините и граѓанското општество. Нејзините области на обучување опфаќаат управување со проектниот циклус на ЕУ, механизмите за финансирање од ЕУ, развој и подготовка на проектни предлози, ПРАГ процедури, јавни набавки и евалуација, управување со грант-договори, финансиски и оперативни процедури и системи за внатрешна контрола. Има искуство и во развој на наставни програми, прирачници и прилагодени материјали за обука за институции во Северна Македонија и Турција.

Нејзината експертиза во организацискиот развој опфаќа функционални анализи, институционална организација, стратешко планирање, управување со човечки ресурси, управување со учинокот и развој на внатрешни процедури. Таа е автор на Методологијата за функционална анализа на институциите од јавниот сектор во Северна Македонија, која ја има применето во бројни институции на централно и локално ниво.

Магистрирала европско и компаративно право (LLM) на Универзитетот во Гент, Белгија. Нејзиниот пристап кон обучувањето ги поврзува регулаторните и методолошките знаења со практични примери, студии на случај и вежби, овозможувајќи им на учесниците да стекнат применливи знаења и алатки за нивното секојдневно професионално работење.

Контактирајте не преку овој формулар