Скрининг за поединечни поглавја | ЦУП

Скрининг за поединечни поглавја

Сподели
2 дена
5 сесии
12 часа
5-15 учесници

За програмата

Обуката има за цел да обезбеди подетални и практични насоки за процесот на скрининг за предничени поглавја, со нивна суштинска анализа и со насоки за градење на позиции.

Предуслов за следење на оваа обука е претходно следење на обуката „Процес на  преговори за членство во ЕУ“.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците:

  • Ќе знаат како е структурирано и што содржи европското законодавство за соодветното поглавје
  • Ќе се запознаат со начините на следење на прогресот во односното поглавје
  • Ќе се запознаат со националното законодавство во поглавјето
  • Ќе ги знаат главните институции за креирање политики и спроведување на законодавството од тоа поглавје
  • Ќе ги знаат критериумите кои треба да ги исполни државата за да биде на ниво на ЕУ во тоа поглавје
  • Ќе ги знаат предизвиците и проблемите на национално ниво за поглавјето
  • Ќе стекнат општа слика за сите други релевантни чинители на темите од поглавјето
  • Капацитет за градење личен и аргументиран став кон темите од поглавјето

Содржина на програмата

  • Структура на поглавјето и релевантно европско законодавство
  • Анализа на поглавјето низ извештаите на ЕК
  • Анализа на поглавјето низ националното законодавство, НПАА и институционални капацитети
  • Објаснувачи скрининг за односното поглавје
  • Компаративни искуства од земјите во регионот
  • Гап анализа споредено со решенија во ЕУ
  • Симулација на градење национални позиции

Координатор на програмата

Весна Бочварска Цветковска

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“.  Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години.

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk