Со процесот на децентрализација на власта, на единиците на локалната самоуправа им се пренесуваат голем број суштински надлежности заради поефикасно, поекономично и подемократско управување со јавните работи во локалните заедници, во областите: урбанистичко планирање, издавање одобрение за градење објекти, уредување на просторот и уредување на градежното земјиште, заштита на животната средина и природата, локален економски развој, комунални дејности, култура, спорт и рекреација, социјална заштита и заштита на децата, образование, заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра, противпожарна заштита и други работи определeни со закон.
Следејќи го принципот на супсидијарност, целта е граѓаните да учествуваат во донесувањето на одлуките за суштински прашања преку избраните претставници во советите на општините и непосредно, преку нивно вклучување и преку користење на законски утврдените механизми - референдум, граѓанска иницијатива, собир на граѓани, претставки и предлози, а своето влијание можат да го остварат и преку користење на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Овој документ претставува сумарен извештај од следење на единиците на локалната самоуправа во исполнувањето на стандардите за добро управување, презентирајќи ги наодите по одредени теми од стандардите.