Содржината на овој документ цели да го опфати општествениот контекст на прашањето колку дислексијата (не) е препознаена во Македонија и да се опише начинот на третирање на лицата со дислексија во нашето општество. Се тргнува од прашањето кои се постоечките применети политики кај нас за помагање на лицата и децата со дислексија во однос на политиките во светот, поддржано со стручни анализи со цел појаснување на темата (не со цел впуштање во стручна анализа во таа област). На крајот се дадени препораки за мерки кои ќе овозможат добар институционален пристап кон прашањето на дислексијата.
Оваа анализа на политики и предлог мерки за дислексија во Р. Македонија е поттикната од истражувачката сторија посветена на лицата со дислексија, подготвена во рамки на проектот Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права.