Целта на секоја влада е да ги унапреди заедничките цели на општеството. Денес владите и јавниот сектор се под огромен притисок континуирано да ја усовршуваат својата работа. Општ фактор за успех е пред се јаката координација во однос на јавните услуги.Целта на овој документ е да ги издвои најактуелните предизвици и највисоките приоритети на е-влада во контекст на јавните услуги идентификувани на ниво на ЕУ и истите соодветно преку препораки да ги поврзе во национален контекст.