Водење интервју во постапката за вработување на административни службеници | ЦУП
Сподели

Водење интервју во постапката за вработување на административни службеници

година: 2016

Целта на интервјуто базирано на компетенции е да обезбеди конкретни информации за тоа како кандидатот користел одредени свои знаења, вештини и способности во неговите минати искуства, а воедно и каков пристап имал кон одредени работи, задачи, ситуации и предизвици. Дополнително, треба да се направи проценка на претходно наведеното врз основа на однапред утврдените критериуми за проверка на компетенции. Минатото однесување е еден од најдобрите индикатори на идното однесување на кандидатот, а воедно е и суштината на интервјуто базирано на компетенции. Ова се прави за да се утврди кој кандидат е најсоодветен за конкретната улога т.е. работно место. Овој прирачник е дизајниран со цел да даде јасни и практични насоки за квалитетно и професионално спроведување на интервјуто како дел од постапката за вработување/унапредување на административни службеници. Едновремено, треба да претставува корисна алатка за членовите на Комисијата за селекција за вработување на административни службеници, затоа што содржи насоки за подготвување и водење на интервју, како и за вреднување на добиените одговори во контекст на исполнување на општи и посебни работни компетенции.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk