Оваа брошура ќе Ви помогне да ги идентификувате Вашите цели во однос на унапредувањето во кариерата, со користење на Рамката за општи компетенции. Пред да започнете, Ви предлагаме отворено и искрено да размислите за следните изјави: Способен/способна сум да ги поставам целите во согласност со мислењето кое сум го добил/а во однос на мојот учинок во работењето. Знам како да креирам визија за идеалното работно место и идеалната работна атмосфера за себе. Знам како да ги усогласам моите индивидуални цели за развој на кариерата со целите на мојата организација. Верувам дека имам контрола врз носење на клучните одлуки за мојата кариера. Способен/способна сум да ги балансирам приоритетите и да сфатам зошто ова е важно. Прифаќам дека иднината и опкружувањето постојано се менуваат, заради тоа е потребно редовно и континуирано преиспитување на целите во кариерата. Оттука, преземам активности за соодветно прилагодување на моите цели. Можностите за поставување на реалистични цели Ви се поголеми, доколку можете да одговорите потврдно на овие изјави. Во спротивно, ќе Ви користи ако истите ги разгледате и продискутирате со Вашиот ментор, Вашиот раководител или со пријател или со колега од доверба. Кариерно унапредување и компетенции Поставување на цели во однос на унапредувањето во кариерата Кога ги поставувате целите во однос на унапредување на кариерата на некој начин предвидувате еден сегмент од Вашата иднина. Ќе се согласите дека ова не е воопшто лесно. Но, колку и да се чини тешко и невозможно, вреди да се потрудите, бидејќи луѓето кои гледаат напред и знаат што сакаат имаат најмногу шанси да го достигнат посакуваното. Кога размислувате за тоа што сакате да постигнете во кариерниот развој, треба да ги земете во предвид изјавите од табелата погоре. Во однос на временската рамка, Ви препорачуваме да се стремите и да планирате 5 години однапред. Запрашајте се: Кои се вашите приоритети? Што е возможно и остварливо, како професионално, така и на личен план? Еден добар план за развој на кариерата ги зема во предвид личните/семејните потреби, како и можностите во однос на кариерата. Вашите цели во поглед на напредувањето во кариерата ќе варираат во зависност од околностите и Вашите можности.