На 27.04.2017, ЦУП ја одржа петтата презентација на наоди од истражувањата, кои се однесуваат на тоа колку локалните самоуправи транспарентно ги објавуваат информациите на своите веб страници, како и за тоа кои информации граѓаните би сакале да ги објавуваат локалните самоуправи. Наодите од истражувањето беа презентирани пред вработените од локалната самоуправа во Штип.
Генерално преку веб-страниците, општините и Градот Скопје обезбедуваат делумна транспарентност, но минимална отчетност, со многу ограничени можности за двонасочна комуникација и без електронски алатки за консултација на граѓаните.
Според анализата на јавното мислење која се спроведе преку теренско истражување- анкета, граѓаните најмногу ги интересираат и ги сметаат за приоритетни информации од областите: oбразование, финансии, социјална заштита, градинки и домови за стари лица, животната средина и локалниот економски развој. Во однос на културата граѓаните подеднакво сметаат дека е многу важна и важна, додека пак за делумно важни ги сметаат урбанизмот, спортот, комуналните дејности, услугите и советот на општината.
Повеќе може да прочитате во истражувањата од кои беа презентирани наодите:
„E-транспарентност”, достапно на македонски, албански јазик, и
„Барометар на веб транспарентност” исто така достапно на македонски и албански јазик.
Истражувањата се изработени во рамки на проектот „Граѓанинот на прво место”, проект кој се фокусира на подобрување на транспарентноста на единиците на локалните самоуправи преку воспоставување на стандарди за отворени и паметни податоци на локално ниво, со цел подобро вклучување на граѓаните и граѓанските организации во следењето на работата и донесувањето на одлуки од страна на општините.
Проектот е имплементиран од страна на „Центарот за управување со промени” во партнерство со „Центарот за одржлив развој АЛКА”. Повеќе за проектот „Граѓанинот на прво место” може да прочитате овде.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024