Како институционален грантист на заедницата Цивика Мобилитас, ЦУП ги презентираше тековните активности, како и резултатите од долгогодишната работа на Фестивалот “Ден на граѓанските организации”.
Преку овој институционален грант, ЦУП ги одреди стратешките приоритети и одредби, ја зајакнува и поддржува тематската мрежа на граѓански организации за следење на реформите на јавната администрација,а исто така се стреми кон јакнење на локалната мрежа за следење на политиките и градење институционална соработка.
Силен граѓански сектор ги поттикнува општествените промени во нашата земја, со цел потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.
Дата: 24.02.2025
Дата: 01.02.2025
Дата: 31.01.2025
Дата: 25.12.2024