Податоците се основа за убедување на носителите на одлуки кои прашања се најважни за граѓаните.
Одржавме обука за обработка на податоци и застапување врз основа на податоци за граѓанските организации кои заеднички работат на унапредување на јавните услуги за граѓаните. Овојпат обуката ја организираме паралелно и во живо и на Зоом
Во рамки на обуката имавме и практичен дел кој се состоеше од обработка на податоци преку: табеларни структури на податочни сетови, организирање на податоците и техники за филтрирање на податоци и втор дел, визуелизација на податоци, типови и алатки кои се користат.
Оваа обука е во рамки на Работната програма: Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието, поддржана од Европска Унија.
Дата: 25.12.2024
Дата: 01.11.2024