Институционална меморија и споделување на знаењето во јавниот сектор | ЦУП
Сподели

Институционална меморија и споделување на знаењето во јавниот сектор

Дата: 01.06.2020

Дали јавната администрација може да ги услужи граѓаните во време на криза кога е неопходно да се работи од дома?

Дали јавниот сектор беше подготвен да работи електронски и на далечина?

ЦУП преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, направи истражување за зачувување и споделување на знаењето во институциите од јавниот сектор.

Одговорите на барањето не се особено охрабрувачки. Од 101 институција колку што доставија одговор, само 9 нотирале дека имаат Документ менаџмент систем. Во однос на тоа каде ги зачувуваат електронски документите на кои работат секојдневно, одговорите покажуваат дека високи 74,16% ги чуваат документите, единствено, локално на својот компјутер.

Споделувањето на знаењето има голема важност. Ја оспособува државата преку своите институции ефикасно да се справи во ситуации кога тоа може да биде дури и прашање на живот, како што е моменталната состојба со Ковид-19.

https://cup.org.mk/publication/developing-knowledge-based-public-sector

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk