Дали јавната администрација може да ги услужи граѓаните во време на криза кога е неопходно да се работи од дома?
Дали јавниот сектор беше подготвен да работи електронски и на далечина?
ЦУП преку барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, направи истражување за зачувување и споделување на знаењето во институциите од јавниот сектор.
Одговорите на барањето не се особено охрабрувачки. Од 101 институција колку што доставија одговор, само 9 нотирале дека имаат Документ менаџмент систем. Во однос на тоа каде ги зачувуваат електронски документите на кои работат секојдневно, одговорите покажуваат дека високи 74,16% ги чуваат документите, единствено, локално на својот компјутер.
Споделувањето на знаењето има голема важност. Ја оспособува државата преку своите институции ефикасно да се справи во ситуации кога тоа може да биде дури и прашање на живот, како што е моменталната состојба со Ковид-19.
https://cup.org.mk/publication/developing-knowledge-based-public-sector
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024