Состанок на граѓански организации за формирање мрежа за проценка на влијанието на регулативата -ПВР | ЦУП
Сподели

Состанок на граѓански организации за формирање мрежа за проценка на влијанието на регулативата -ПВР

Дата: 04.12.2017

На 29-ти и 30-ти Ноември, во хотелот Гарденија, Велес се одржа вториот состанок на претставниците од повеќе граѓански организации, меѓу нив и Центарот за управување со промени, кои ќе бидат составен дел од мрежата за проценка на влијанието на регулативата (ПВР), која се формира како дел од проектот на Институтот за демократија – Социетас Цивилис и Центарот за економски анализи: “Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази во Македонија“

На дводневниот состанок на граѓанските организации беше презентиран нацртот на стратегискиот план за ПВР мрежата кој треба да биде усвоен и според кој своите активности ќе ги спроведуваат организациите.

Покрај тоа, се разговараше и за правилата и процедурите за функционирање на мрежата како и нацртот на комуникацискиот план.

Целта на формирањето на мрежата за ПВР е да се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските организации во процесот на проценка на влијанието на регулативата и во реформите на јавните политики преку вмрежување, инклузивни консултации и обуки.

ПВР мрежата е замислена да функционира како партнер на институциите преку давање на услуги за проценка на влијанието на регулативата, при што се залага за водење на политики креирани на докази.