Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, меѓу другото подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните.
Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на начинот и поедноставување на постапките преку кои граѓаните можат да се обратат за да добијат одредена услуга со цел остварување на одредено право.
Првите резултати на проектот на ЦУП за дигитализација во јавниот сектор се електронски услуги преку кои ќе може да се поднесува барање за нострификација и еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија. Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука.
Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е-услуги www.uslugi.gov.mk, со едноставно пребарување.
Услугата е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени.
Интеграцијата на услугите на порталот uslugi.gov.mk беше извршена во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024