Презентација и дискусија на вториот Национален извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација (РЈА) 2019/2020 | ЦУП
Сподели

Презентација и дискусија на вториот Национален извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација (РЈА) 2019/2020

Дата: 26.05.2021

Напредокот на една земја, во голема мера е одреден од квалитетот на нејзината јавна администрација. 
Затоа, иако често пати критикувана, неопходно е да се истакне општа политичка важност на јавната администрација за системот на управување и раководење со јавните политики. Вака започна излагањето на извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, во рамки на презентацијата на вториот Национален извештај за мониторинг на реформата на јавната администрација (РЈА) 2019-2020, дел од проектот ВеБЕР. 

На настанот се дискутираше за состојбата со реформата во јавната администрација во Република Северна Македонија, направениот напредок во овој процес до сега, што е предуслов за членство на земјата во Европската унија, како и за идните активности.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk