Презентација на новата електронска услуга за регистрација на проекти/ донации во СЕП | ЦУП
Сподели

Презентација на новата електронска услуга за регистрација на проекти/ донации во СЕП

Дата: 27.05.2021

Дигитализацијата е клучна во борбата со корупцијата, а првиот контакт кога граѓаните се среќаваат со администрацијата се услугите, така што брзината и ефикасноста на обезбедувањето на јавните услуги е клучен чекор за задоволство или незадоволство од работата на институциите. Новата електронска услуга за а регистрација на проекти/ донации во СЕП, е само дел од успешна дигитална приказна која ќе донесе подобра соработка на СЕП со граѓанскиот сектор и овој процес ќе биде брз, ефикасен и едноставен.

На настанот свои обраќања имаа Никола Димитров, Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Неда Малеска Сачмароска, Извршна директорка на ЦУП и Гоце Арменски, Вонреден професор на ФИНКИ.

Оваа нова електронска услуга за регистрација на проекти/донации е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, а имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со Секретаријатот за европски прашања.

Покрај оваа услуга, во рамките на овој Проект се изработени електронски услуги за потребите на Министерството за образование како што се нострификација на дипломите од основно, средно и високо образование во странство, електронски уписи во градинки и основно училиште, аплицирање на конкурсите за стипендии, а со изработениот позадински софтвер се овозможува и електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk