Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Центарот за управување со промени, на ден 31.01.2018 година ја организираше втората работилница на работната група за изработка на Национална стратегија за отворени податоци. Изработката на Стратегијата е во рамките на проектот „Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација“, финансиран од Британската амбасада Скопје.
На работилницата беше презентирана првата нацрт-верзија на Стратегијата, по што членовите на работната група работеа на предлози за подобрување на текстот на Стратегијата.
На работилницата зема учество и г-дин Ендру Стот, меѓународен експерт од Велика Британија кој го има имплементирано еден од најпознатите портали за отворени податоци data.gov.uk. Г-дин Стот имаше презентација за политиките за отворени податоци во Велика Британија, и даде свој значаен инпут во содржината на нацрт – Стратегијата за отворени податоци.
Стратегијата има за цел да ја постави стратешката насока за политиките за отворени податоци во Република Македонија, особено процесот на идентификување, каталогизација и приоритизација на податоците од институциите, унапредување на централниот портал за отворени податоци, како и стимулирање на повисок степен на користење на отворените податоците заради подобра транспарентност на државните институции, поефикасни институции, подобри јавни услуги и економски развој на земјата.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024