Во рамки на проектот “Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на доброто управување”, финансиран од ЕУ, Центарот за управување со промени, Агенцијата за менаџмент консталтинг МКА 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП, на 5-ти и 6-ти Септември ќе спроведат обука за СИГМА стандардите за јавната администрација. Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации од Полошкиот регион.
Настанот ќе се одржи во хотел Скардус- на Попова Шапка.
Првиот ден (Вторник, 5-ти Септември) обуката ќе се однесува на - Начелата на јавната администрација, додека вториот ден (Среда, 6-ти Септември) обуката ќе биде за - Односи со јавноста, како инструмент за подобрување на комуникацијата и соработката меѓу невладиниот сектор, општината и граѓаните.
Дводневниот настан е прв од серијата обуки кои ќе се одржат во наредниот период, кој предвидува обука на претставници од граѓански организации од седум региони во Македонија.
Следната обука ќе се реализира од 11-12 Септември за граѓански организации од Североисточниот регион на Македонија.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024