Во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, го модерираме процесот на проценка на влијанието на регулативата во однос на унапредување на функционирањето на Собранискиот ТВ канал. Целта е да се придонесе за поголема транспарентност и отчетност на Собранието, но и да се овозможи поквалитетна програма за граѓаните.
Овој процес започна со денешната работилница на која ги идентификувавме проблемите и ги поставивме основните насоки за унапредување на Собранискиот ТВ канал.
Инаку, Програмата за парламентарна поддршка е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а се реализира од страна на Националниот демократски институт НДИ, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас Цивилис Скопје.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024