Новости
Работилница за изработка на Функционална анализа на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Дата: 29.09.2021
Денес во Јавна соба се одржа работилница посветена на процесот за изработка на Функционалната анализа на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Целта на процесот на спроведување на функционална анализа е за да се идентификуваат предизвиците од организациски и функционален аспект во институцијата во која се спроведува и да се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата за исполнување на своите надлежности.
Оваа работилница и целокупниот процес за спроведување на функционалната анализа се изведуваат во рамки на Проектот - Борба против дискриминација преку поддршка на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, финансирана од Владата на Велика Британија преку Британска амбасада Скопје, имплементиран од ЦУП.
Најнови новости
Презентација на докуемнти за јавни политики
Дата: 16.03.2026
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026














