Центар за управување со промени (ЦУП) ја организира втората работилница во Скопје во рамките на Проектот „Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современ Западен Балкан“ .
Во мешан формат од 18-20 јуни 2021 година, оваа работилница ќе собере академици, истражувачи, експерти, граѓански активисти и млади луѓе за да разговараат за вклученоста на младите во конструктивен дијалог во врска со минатото, фокусирајќи се на мирот, транзицијата и себе -определување во случајот на Северна Македонија.
Покрај двата дена на работилницата, презентација од говорници, и учество на млади луѓе, третиот ден вклучува посета на Музејот на современа уметност-Скопје - неговата историја и иднина.
Проектот „Вклучување на младите во конструктивен дијалог: Комунистичко минато во современиот Западен Балкан“ (YOU-WB) е поддржан од Европската унија во рамките на програмата Европа за граѓаните.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024