Работилница за отворени податоци за службата на КСЗД | ЦУП
Сподели

Работилница за отворени податоци за службата на КСЗД

Дата: 30.11.2022

На 29.11.2022 година, во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се одржа работилница на тема „отворени податоци“. Оваа работилницата има цел да го зајкане аналитичкото работење на Комисијата и аналитичките вештини на вработените во нејзината служба.

На работилницата се дискутираше за основните поими кои ја обрабтуваат темата на отворени податоци, формати на отворении податоци како и платформи за отворени податоци. Понатаму, беше обработено и идентификувањето, приоретизирањето и каталогизација на податочни сетови како и практични вежни и студии на случаи.  

Работилницата е организирана во рамки на проектот „Борба против дискримиација преку поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk