Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и нивните заменици, учествуваа на третата по ред Работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
Тема на оваа работилница беше Предлог-кодексот за етичко однесување на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, проследена со дискусија за структурата и областите опфатени со документот.
Овие работилници се организираат во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), поддржана од Швајцарската агенција за поддршка и развој.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024