Работилница „Креирање и обработка на податочни сетови“ | ЦУП
Сподели

Работилница „Креирање и обработка на податочни сетови“

Дата: 15.11.2022

На 15 ноевмри 2022 година , се одржа работилница на тема „Креирање и обработка на податочни сетови“ креирана по потребите и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Борба против дискриминација преку поддршка на КСЗД“, проект поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје.

Оваа работилница даде теоретско знаење за вредноста на податоците во долгорочното планирање на работата, анализа на состојби во насока на нивно подобрување. Исто така работилницата опфати и практично применување и креирање на податочни сетови како и нивно користење. Оваа активност е во насока на градење капацитети за аналитичките функции на КСЗД како и градење свест за големата вредности и можност која собирањето на податоците ја нуди.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk