Работилница - Процнка на влијанието на регулативата (ПВР) во областа на социјалната заштита | ЦУП
Сподели

Работилница - Процнка на влијанието на регулативата (ПВР) во областа на социјалната заштита

Дата: 20.10.2023

Во рамки на проектот за спроведување на функционална анализа (ФА) на три Центри за социјална работа (ЦСР) и тоа во Скопје, Штип и Тетово, со поширока група на претставници од социјалната администрација (како централна така и локална), започнавме со спроведување на процнка на влијанието на регулативата (ПВР) во областа на социјалната заштита.

Првата работилниза во рамки на овој процес беше одржана од 17 до 18 октомври во Маврово, каде беше направена првична проблемска анализа на состојбите кои се однесуваа на работата на ЦСР, во делот на нивниот обем на работа, правната и фактичката положба на нивниот кадар, положбата на водењето на слуќај и водителот на случај и нивното значење во процесот на испорака на социјални услуги. Предмет на анализа беше примарно Законот за социјална заштита, заедно со пропратните подзаконски акти, во деловте кои се предмет на процесот на ПВР. 

На оваа работилница присуствуваа директори, раководители на одделенија и други вработени во рамки на ЦСР од повеќе градови како и претставници од Министерството за труд и социјална политика кои директно работат на оваа проблематика.

Работилницата заврши со изработена проблемска анализа и повеќе предлог решенија кои подетално ќе бидат анализирани и дебатирани на наредната работилница за ПВР во областа на социјалната заштита.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk