Средба со координаторите на ПВР за начинот на подобрување на процесот на проценка на влијание на регулативата во администрацијата | ЦУП
Сподели

Средба со координаторите на ПВР за начинот на подобрување на процесот на проценка на влијание на регулативата во администрацијата

Дата: 20.12.2017

Центарот за управување со промени, во рамките на проектот „Поддршка на процесот на реформите на јавната администрација“, а во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, одржа средба со координаторите на ПВР од министерствата за начинот на подобрување на процесот на проценка на влијание на регулативата во администрацијата.

На средбата беше презентиран и Прашалник наменет за државните службеници кои работат на подготвување на предлози на закони и спроведување на ПВР.

Наодите од овој прашалник треба да помогнат во изработка на Анализа, во која ќе се согледаат слабостите при изготвување на Извештаите за ПВР и ќе се предложат мерки за нивно надминување.

Проектот е финансиран до Британската Амбасада во Скопје.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk