Јавна дебата за обезбедување услуги во единиците на локалната самоуправа во југоисточниот регион

Дата: 19.10.2018

Во Струмица се одржа јавна дебата за обезбедување услуги од единиците на локалната самоуправа. На јавната дебата беа презентирани истражувањата на Центарот за управување со промени како резултат на следењето на единиците на локалната самоуправа. Фокус на настанот беа резултатите од следењето на локалните самоуправи во делот на јавни услуги во југоисточниот регион, кое беше спроведено од страна на граѓанските организации Планетум Струмица и Новус Струмица.

На јавната дебата земаа учество претставници на единиците на локалната самоуправа во југоисточниот регион, заедно со претставници на локални граѓански организации.

Јавната дебата се организираше во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, а кој го спроведуваат Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

Проектот се фокусира на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, преку прилагодување на одредниците на Европската Унија поставени во Начелата на јавната администрација изработени од СИГМА. Врз основа на овие стандарди, локални граѓански организации вклучени во проектот ја следат работата на локалните самоуправи во 5 области: развој и координација на политиките и стратегиите, управување со човечки ресурси, транспарентност и отчетност, обезбедување услуги, и управување со општинските финансии.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk