Дискусија за локални и регионални политики за поттикнување на жените во регионот на Елбасан/Полог за отпочнување сопствен бизнис или проширување на постоечкиот

Дата: 03.02.2020

Во рамки на проектот "Развој на микро-претпријатија на жени од преку-граничен регион“ поддржан од ИПА прекуграничните фондови на Северна Македонија и Албанија за 2014-2015 година, Центарот за компаративни и меѓународни студии од Албанија и Институтот за човекови права-ИЧП од РСМ на 31ви јануари 2020 год. организираа дискусија за локални и регионални политики за поттикнување на жените во регионот на Елбасан/Полог да вложуваат и да започнат сопствен бизнис, да ги прошират постојните бизниси и да на тој начин имаат потенцијално позитивно влијание врз економските перформанси на земјите.
Дискусијата за политика поттикна интензивна дискусија помеѓу група на жени, креатори на политики, академици, жени претприемачки, директори на трговски комори и индустрии, НВО и новинари.
Главни теми на дискусијата беа: Поттикнување на женското претприемништво, Бизнис можности за жени, Родова еднаквост во бизнисот, Предности на прекугранични деловни идеи и сл.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk