Главната цел на проектот е да се развие концептот на испорака на јавните услуги според потребите и барањата на граѓаните, а не според размислувањата на институциите кои ги испорачуваат услугите. Активностите на проектот пред се се однесуваат на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за заштита на интересите на граѓаните и нивните основни права преку што придонесуваат за јакнење на еден од главните столбови на современите демократски општества – отчетна, транспарентна, отворена, инклузивна и ефективна јавна администрација со висококвалитетни услуги за граѓаните. Оттука, проектот има отворен карактер и предвидува повеќе граѓански организации да соработуваат со ресорните јавни институции за да определат мерки за подобрување на испораката на јавните услуги, со намалени трошоци и административни обврски за граѓаните, но и за идентификување на основните услуги кои примарно треба да се унапредат и обезбедуваат електронски.
Период 01.12.2017 - 31.05.2019
Донатор: Европска Унија
Краен корисник на проектот: Граѓани, граѓански организации, институции на јавната администрација.
Главна цел:
Јакнење на учеството на граѓанските организации во реформата на јавната администрација, како приоритетна реформа за членство во ЕУ. Проектот се стреми да придонесе кон воспоставување на цврста мрежа за дијалог и подобрување на јавните услуги, кое е нераскинлив дел од доброто управување и приоритет во реформата на јавната администрација.
Очекувани резултати:
Проектот е финансиран од Европската Унија
Земјите од ЕУ голем процент од јавните услуги им ги овозможуваат на граѓаните онлајн. Естонија е лидер со 99% од јавните услуги достапни онлајн. Да ги подобриме јавните услуги според Европски стандарди.
За прв пат во земјата е изработен Каталог кој ги попишува сите услуги од институциите во јавниот сектор и овозможува целосни, јасни и недвосмислени информации за добивање на услугите.
Приклучете ја вашата граѓанска организација во МРЕЖАТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ за заеднички да работиме на подобрување на јавните услуги, како и заедничко спроведување мерки од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 во делот посветен на испорака на јавни услуги.
Граѓаните сметаат дека не сите се еднакво третирани од страна на институциите, дигиталните услуги овозможуваат еднаков третман за сите.