Проектот „Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација“ има цел да го стави доброто владеење на врвот на политичката агенда со вклучување на мерки за добро владеење во сите стратешки политики на Владата. Интервенцијата е дизајнирана да ги анализира постоечките проблеми поврзани со ефикасноста на јавната администрација, со цел да се развијат препораки и нови мерки за подобрување на управувањето во институциите. Предложените активности поддржуваат консултации со пошироки групи во општеството за дизајнирање на добро обмислени структурни реформи и силна национална визија за демократско општество. Проектот ги следи реформите на ЈА согласно стандардите за добро управување, како и квалитетот на работата на институциите. Целта е преку спроведувањето на проектините активности да се поттикне активна јавна дебата и предизвикување притисок за подобро управување и раководење во администрацијата и креирање на пофункционални јавни институции кои ќе ги пресретнуваат потребите на граѓаните.
Период 01.07.2022 - 30.06.2023
Донатор: National Endowment for Democracy
Краен корисник на проектот: Институциите на јавната администрација на централно ниво.
Главна цел:
Поддржување на практиките за добро управување и реформи во јавната администрација.
Очекувани резултати:
На 23.09.2022 година, во хотел Панорамика, ЦУП ја организираше конференцијата -Подобрување на системот за пристап до информации од јавен карактер. На конференцијата се зборуваше за проактивна транспарентност на институциите како предуслов за отчетност и борбата со корупцијата а транспаренстноста како нишка на демократските процеси.
Конференцијата е организирана во соработка со Заменичката на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска и Агенција за заштита на право на слободен пристап до информации од јавен карактер а во рамки на проектот "Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација" спроведен од ЦУП а поддржан од National Endowment for Democracy.