Проекти
Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права
Поттикнување на медиумите и граѓанските организации и да се овозможи амбиент за остварување на правата на слободата на изразување и медиумскиот интегритет, како клучен елемент за понатамошна поддршка на земјата во процесот на пристапување во ЕУ.
Период 01.01.2016 - 01.01.2018
Донатор: IPA Civil Society Facility and Media Programme, ЕУ
Краен корисник на проектот: Граѓански организации (ГО) и сите граѓани на Р. Македонија
Главна цел:
Проектот има три главни цели (1) Подобрување на условите за квалитетно истражувачко новинарство во улога на заштита на човековите права и судството, кое ќе биде достапно за сите граѓани, (2) Јакнење на капацитетите на граѓанските организации кои работат на овозможување на слобода на изразување и медиуми, преку креирање на платформа за нивна соработка, а за зголемување на нивното влијание врз креирањето политики во однос на слободата на медиумите, и (3) Подобрување на правната, регулаторна и политичка средина за развој на слободата на изразување и на медиумите, како и интегритетот на медиумите.
Очекувани резултати:
- Зајакнат интегритет на медиумите и професионалноста на новинарите и медиумските здруженија,
- Зајакнати капацитетите на граѓанските организации во областа на слободата на изразување и медиумите,
- Засилено влијание врз процесот на креирање политики во врска со слободата на медиумите, како и подобрување на соработката преку воспоставување на платформа за дијалог,
- Стимулирана потреба за квалитетно новинарство,
- Подобрени услови за развој на квалитетно истражувачкото новинарство преку современи / иновативни пристапи во областа на човековите права и судството (Поглавје23 и 24),
- Зголемена медиумска писменост и разбирање на улогата на професионалното и на етичкото новинарство во печатените и електронските медиуми,
- Унапредена и усвоена политика и законски предлози во согласност со начелата на ЕУ за квалитетни закони, утврдени во Европската правна практика и индикаторите наведени во резолуциите на Советот на Европа кои се однесуваат на идентификувани недостатоци.
-
Еден од најважните резултати на проектот е воспоставената Платформа за соработка на граѓански организации (преку програма за регрантирање) и медиумски организации, врз основа на која активно се промовира истражувачкото новинарство, работејќи според највисоките професионални новинарски стандарди и етика. Осум проекти беа финансирани преку програмата за регрантирање. Граѓанските организации успешно ги спроведоа овие проекти во соработка со медиумски организации. Резултат на овие помали проекти се бројни истражувачки стории во вид на интервјуа, печатени стории и видео прилози. Платформата е поддржана од веб-порталот www.istrazifakti.mk.
Публикации од проектот
Видео
Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Ирис
Прилог на Телевизија Ирис за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип.
Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев.
Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Стар
Прилог на Телевизија Стар за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип.
Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев.
Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Ирис
Прилог на Телевизија Ирис за презентацијата на платформата за соработка и дијалог меѓу граѓанските организации и медиумите, која се одржа во Штип.
"Ние во рамки на проектот имавме 8 мали проекти, финансирани со цел да спроведат заеднички истражувања со граѓански организации и да актуелизираат одредени прашања кои задираат во демократијата и особено во човековите права" - изјави Искра Белчевска Ристовска, проектен менаџер во Центарот за управување со промени.
Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Стар
Различните начини на истражување, од една страна на новинарите и од друга страна на граѓанските организации, придонесоа за исцрпни истражувања, кои денес се пренесени на повеќе медиуми, изјави Искра Белчева Ристовска, проектен менаџер на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократија и човековите права"
,,Истражувачите во акција"
,, Истражувачите во акција" интервју на Алсат телевизија со Искра Белчева - Ристовска , проектен менаџер во ЦУП
Ре-грантисти
Цитадела 16-Скопје
Здружението за истражувачко новинарство и слобода на медиумите Цитадела 16-Скопје (скратено Цитадела 16-Скопје) е основано 2013 година.
Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ
Организацијата работи во полето на развојот на професионалните вештини на новинарите, го поддржува зајакнувањето на образованието на новинари, како и соработката меѓу новинари во Република Македонија.
Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија
Мисијата на Здружението Центар за истражувачко новинарство СКУП-Македонија е употреба на алатки за истражувачко новинарство со цел намалување на корупцијата и подобрување на животот на граѓаните.
Плоштад Слобода
Мисијата на здружението Плоштад Слобода е развивање на алтернативна и инклузивна култура, граѓански ориентирани политики и независен граѓански активизам.
Метаморфозис
Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот н
Здружение на граѓани Асоцијација за Креативна Тактика АКТ
Организација за придонес кон развојот на креативната мисла, општествената активност и стремежот кон промена преку имплементација на новите информациони и комуникациони технологии до подобар живот.
Диверзити Медиа
Диверзити Медиа е непрофитна организација формирана со мисија да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, и да даде поддршка на демократијата и плурализмо
6-та ѕвезда
6-та Ѕвезда е граѓанска организација основана во 2006 година како резултат на ентузијазмот и желбата за промени во општеството на неколку млади луѓе.


.jpg)













