Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права | ЦУП
Сподели

Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права

Поттикнување на медиумите и граѓанските организации и да се овозможи амбиент за остварување на правата на слободата на изразување и медиумскиот интегритет, како клучен елемент за понатамошна поддршка на земјата во процесот на пристапување во ЕУ.

Период 01.01.2016 - 01.01.2018

Донатор: IPA Civil Society Facility and Media Programme, ЕУ

Краен корисник на проектот: Граѓански организации (ГО) и сите граѓани на Р. Македонија

Главна цел:

Проектот има три главни цели (1) Подобрување на условите за квалитетно истражувачко новинарство во улога на заштита на човековите права и судството, кое ќе биде достапно за сите граѓани, (2) Јакнење на капацитетите на граѓанските организации кои работат на овозможување на слобода на изразување и медиуми, преку креирање на платформа за нивна соработка, а за зголемување на нивното влијание врз креирањето политики во однос на слободата на медиумите, и (3) Подобрување на правната, регулаторна и политичка средина за развој на слободата на изразување и на медиумите, како и интегритетот на медиумите.

Очекувани резултати:

  • Зајакнат интегритет на медиумите и професионалноста на новинарите и медиумските здруженија,
  • Зајакнати капацитетите на граѓанските организации во областа на слободата на изразување и медиумите,
  • Засилено влијание врз процесот на креирање политики во врска со слободата на медиумите, како и подобрување на соработката преку воспоставување на платформа за дијалог,
  • Стимулирана потреба за квалитетно новинарство,
  • Подобрени услови за развој на квалитетно истражувачкото новинарство преку современи / иновативни пристапи во областа на човековите права и судството (Поглавје23 и 24),
  • Зголемена медиумска писменост и разбирање на улогата на професионалното и на етичкото новинарство во печатените и електронските медиуми,
  • Унапредена и усвоена политика и законски предлози во согласност со начелата на ЕУ за квалитетни закони, утврдени во Европската правна практика и индикаторите наведени во резолуциите на Советот на Европа кои се однесуваат на идентификувани недостатоци.
  • Еден од најважните резултати на проектот е воспоставената Платформа за соработка на граѓански ор­ганизации (преку програма за регрантирање) и медиумски организации, врз основа на која активно се промовира истражувачкото новинарство, работејќи според највисоките професионални новинарски стандарди и етика. Осум проекти беа финансирани преку програмата за регрантирање. Граѓанските организации успеш­но ги спроведоа овие проекти во соработка со медиумски организации. Резултат на овие помали проекти се бројни истражувачки стории во вид на интервјуа, печатени стории и видео прилози. Платформата е поддржана од веб-порталот www.istrazifakti.mk. 

Проектот е финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Британска амбасада Скопје.



Проектот е имплементиран заедно со Институтот за човекови права

Галерија на проектот

Состанок за потпишување на договри за грантови

Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права

Видео

Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Ирис

Прилог на Телевизија Ирис за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип. 

Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип  ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев.

Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Стар

Прилог на Телевизија Стар за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип. 

Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип  ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев. 

Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Ирис

Прилог на Телевизија Ирис за презентацијата на платформата за соработка и дијалог меѓу граѓанските организации и медиумите, која се одржа во Штип.

"Ние во рамки на проектот имавме 8 мали проекти, финансирани со цел да спроведат заеднички истражувања со граѓански организации и да актуелизираат одредени прашања кои задираат во демократијата и особено во човековите права" - изјави Искра Белчевска Ристовска, проектен менаџер во Центарот за управување со промени. 

Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Стар

Различните начини на истражување, од една страна на новинарите и од друга страна на граѓанските организации, придонесоа за исцрпни истражувања, кои денес се пренесени на повеќе медиуми, изјави Искра Белчева Ристовска, проектен менаџер на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократија и човековите права"

,,Истражувачите во акција"

,, Истражувачите во акција" интервју на Алсат телевизија со Искра Белчева - Ристовска , проектен менаџер во ЦУП 

Ре-грантисти

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk