Проектот се фокусира на поставување на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоурпава, прилагодувајќи ги Начелата на јавната администрација, поставени како одредници од СИГМА. Стандардите за добро управување се користат од локални граѓански организации за следење на работата на локалните самоуправи, изработка на истражувања, отворање дијалог за презентирање на наодите од истражувањата и предлагање препораки за подобрување на работата на општините.
Период 01.01.2017 - 31.12.2018
Донатор: Делегација на ЕУ преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015”
Краен корисник на проектот: Граѓански организации и единици на локална самоуправа
Главна цел:
Поставување на функционална мрежа на граѓански организации во неколку региони во Македонија која ќе послужи во процесот на мониторинг и евалуација на локалните самоуправи на еден стандардизиран начин што ќе има посилен ефект врз администрацијата на локалните самоуправи, а и на политиките на централно и национално ниво. Локалните самоуправи да имаат единствена листа на стандарди за повеќе области кои ќе ги следат заради обезбедување на подобри услуги кон граѓаните, поголема транспарентност и ефикасност во управувањето.
Очекувани резултати:
Проектот е финансиран од Европската Унија.
Дали општините обезбедуваат физичка до објектите na општината и електронска пристапност информациите кои се нудат од општините?
Дали општините ги објавување информациите кои се потребни за граѓаните? Каква е веб-транспарентноста на општините?
Како се обезбедуваат услуги од страна на единиците на локалната самоуправа? Дали некои процеси може да се подобрат?
Каква е состојбата на јавните претпријатија основани од општините?
Документарен филм кој го прикажува нивото на задолженост на општините
На јавната дебата во општина Штип беа презентирани резултатите од степенот на исполнување на стандардите за е-транспарентност од страна на оптшините. Општина Штип е најтранспарентна веб општина.
Прилог во телевизиски вести кој произлегува од истражувањето на Центарот за управување со промени во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, кое се однесува на квалитетот на услугите кои ги нудат општините.